ШТО ЈА ЧЕКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОВАА ГОДИНА
18 јануари 2021
Грешките направени во последните две три години се толку големи и болни за иднината на Македонија, да се сметаат скоро за непоправливи. Но, доколку на македонското кормило, евентуално, станат чесни и способни политичари, се’ е можно, ама, ќе помине време, труд и материјални средства за да се исправат и потоа животот на македонскиот народ да тргне во права насока.
Плановите на сегашната влада на Зоран Заев и неговите политички сосветници не ни ветуваат ништо добро. Албанските партнери ја водат Македонија во насока зацртана со нивната етничка агенда, а таа е федерализација на македонската држава и понатамошно поткопување на нејзините темели.
Албанизацијата на Република Македонија се засилува со физичка застапеност на албански кадри секаде каде нивното влијание е без контрола на централната власт во државата. Скоро сите политички советници на Зоран Заев, министерството за надворешни работи и повеќе други високи положаи во стопанството, образованието, здравството, безбедносните сили и армијата се во рацете на Албанците.
Затоа се прашуваме, до кога македонскиот народ ќе поднесува понижувањa кои очигледно водaт кон туѓо измеќарство? Ќе сознаеме ли во текот на оваа изборна година?
Велепредавничките планови на Зоран Заев продолжуваат. Изгледите се мали некој појунак да му се спротистави во неговите намери. Се’ помалку се споменуваат штетните договори со соседите на Македонија. Но затоа, пак, милитантните Албанци скриени во нивните политички партии, кои делуваат легално и отворено непријателски спрема македонските национални интереси, се’ повеќе се солидаризираат со ставовите на Грците и Бугарите. Зошто? Па затоа што Македонија не ја сметаат за своја држава и не им е гајле дали Бугарите или Грците ќе го добијат или не тоа што го бараат. Дури се сложуваат со оспорувањето на македонскиот јазик, националноста на Македонците и ред други работи кои министерот за надворешни работи, Османи, и јавно го потврди.
Има ли некоја друга земја на светот, како Македонија, која своите непријатели ги третира како пријатели и им ја остава државата во нивните раце да чинат што сакаат? Има ли друга држава во светот која на терористи кои со оружје во раце тргнаа против државата во која живеат, а не ја признаваат за своја, да ги сместува во најчувствителните сегменти во државата за полесно, кога тие сметаат за погодно, одново да ја нападнат Македонија одвнатре? И тоа со оружјето на македонските вооружени и безбедносни сили, во кои заземаат важни положаи? Има ли друга држава во светот во која терористите, претворени во политичари, добиваат државни објекти за нивните чисто албански агенции несметано да ги развиваат своите агенди надвор од владата чии дел се и во свои исклучиво етнички интереси? Не е ли тоа двовластие Зоране Заев?
Ево што пишува на оваа тема и Роберт Димитриевски во expres.mk., под наслов: ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ ОД 5 јануари 2021 година.
„Толку се внатрепартиски интегрирани што често не можат да одолеат на искушението да го споделат тоа со јавноста, како во случајот со роденденската прослава на лидерот Али Ахмети. Со неа покажаа и нов вид интегрирање: приватно-партиска забава во државен објект.
Тоа што едно од основните демократски начела во секоја нормална земја е одвојувањето на партијата од државата и обратно, не се однесува на ДУИ и на Македонија. Од проста причина што таа веќе подолг период не е нормална земја, посебно откога почна да ги интегрира во своите структури демократскиве унионисти. Затоа и заедничкото фотографирање без маски среде епидемија на смртоносна болест, додека стотици граѓани секојдневно плаќаат казни за тоа, е сосема нормално за држава во која одамна – паднаа маските.
Злобниците не заборавија да забележат и дека зградата е на десната страна од Вардар. Било што и да им значи тоа…
Премиерот им дојде на отворањето, а тие не го почестија ни со парче торта од таа со клучот што ја сечеше почесниот доктор на Државниот универзитет во Тетово.
Срам да им е! Човекот глумеше како Марлон Брандо во „Кум“ пред изборите дека божем многу им е лут, за веднаш по нив саноќ и севезден да им симнува sвезди од небото. Пола држава им даде да управуваат и од уста не го вади она „едно општество за сите“, а тие да ти сакале – по едно општество за секого“.
Вакви настани се случуваат, драг мој народе, во општества со кои не управува државотворниот народ, туку коалициски партнери на владејачките партии, во овој случај албанската партија ДУИ и новопечениот доктор на науки командантот Али Ахмети. И сето тоа со меѓупартиски договори зад плеќите на Македонците, кои и покрај нивното обезличување и понижување, одново ги бираат на секои парламентарни или локални избори. Албанците за свое богатење, македонците за свое, а за народот, што остане. И така секои четири години, за да се играат мајтап со него.
Во Македонија е баш така, а главната причина е во неединството и раздробеноста на македонското мнозинско ткиво и негрижата за квалитетот и способноста на највисоките раководни личност кои ја сочинуваат владата и раководат со виталните национална интереси на народот и на македонската држава. И дополнително, што најголемите македонски политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, зависат од гласовите на Албанците, бидејќи самите поединечно не се способни да состават функционална национална Влада која ќе ги штити интересите на Република Македонија и интересите на народот во неа.
Денешната положба во Република Македонија не му служи на чест на мнозинскиот македонски народ. Имаме Влада со која раководи полуписмен примитивец и квази политичар, изрод и велепредавник без чест и човечко достоинство, без и малку одговорност за своите постапки спрема народот и државата која му е доверена да ја штити од домашни и надворешни непријатели, спрема Уставот на Република Македонија.
Секогаш се измислуваат нови маглени завеси, за да не се видат злата направени од порано. Па така сега на македонско-албанската агенда се разработува долгоочекуваниот ПОПИС на населението, кој со своите контраверзии ни донесе и нови оправдани сомнежи, дека ништо добро нема да ни донесе. Најверојатно, зголемување на албанското население, со новата методологија на попишување, по теркот на Албанците. Доколку Зоран Заев очекува и на идните парламентарни и локални избори да ја добие нивната подршка.
И дури расправиите околу пописот ја загреваат политичката сцена во Македонија, на исток од Република Македонија, во Бугарија, се водат разговори за „добрососедски и пријателски“ односи за разнебитување на тоа што остана од Република Македонија, доколку Заев сака да седне на иста маса со најголемите и најмоќните лидери во светот.
Ќе успее ли специјалниот посредник на Зоран Заев, Владо Бучковски, да ги надмудри Бугарите за да му попуштат во нивните небулозни барања? Ќе му ја кренат ли рампата на патот кон Европа или Зоран Заев ќе мора да ја отвори торбата по последен пат и да истресе на маса се’ што е во неа? Да истресе се’ и Македонија со Македонците конечно да исчезнaт, како што од западот е пред многу години и предвидено?
А што ќе се случи со велепредавникот Зоран Заев, се’ уште никој не може да претпостави, доколку не ги земеме во обsир неговите болни хирови и одлуките на надворешните наредбодавци. Одлуките, кои му висат над неговата уценета глава и му ги бројат извршените задачи кои си ги презел самоволно и против волјата на народот, кој го претставува.