ПРЕЧКИТЕ СЕ ОТСТРАНЕТИ МАНДАТОТ Е ВАШ, ПРЕМИЕРУ ЗОРАН ЗАЕВ
Сотир Гроздановски-Македонски
СЕ ВРАЌААТ ИСТРОШЕНИТЕ МАКЕДОНСКИ ФАРИСЕИ
03 декември 2020
Малку необичен наслов, ама не и незначаен, бидејќи на Македонците им дојде водата до грло и почнаа да размислуваат што понатака со Зоран Заев: или тој или ние?
Неговaта потполна историска, културна и традициска неписменост станаа предизвик за вистински отпор и симнување на неговата Влада и отпочнување со ревитализација на Македонија. Стравот дека некој ќе не сопре на нашиот пат кон чистење на ѓубрето од нашите дворишта и вистинско обновување на нашата Татковина не е повеќе причина за молчење и чекање СДСМ и Зоран Заев да ја докусурат Македонија. Време е за организиран отпор, но без истрошени кадри кои ја доведоа земјата пред вистинско распаѓање. Семакедонски отпор со нови луѓе, неизвалкани и без путер на главите. А такви имаме, само треба да си го земат своето место и да го поведат народот во права насока и вистински промени. Не ни е потребно продолжување на агонијата, со истите луѓе преоблечени во нови алишта, и со маски за да не ги препознаеме.
Македонецот, сепак, ќе докаже со какви идеи е и дека не е толку наивен за така брзо да ги заборави подигнатите раце на изиграните партиски пратеници во Собранието кои придонесоа промена на Уставот, потпишување на Преспанскиот Договор со Грција, со кој се обезличи Македонија, а македонската нација се обележи со цртички. И не само тоа, туку и да се избришат Македонците во странските земји заедно со АСНОМ и додадат Албанците како државотворен фактор во Македонија. Потоа продавање на името, македонската историја од антиката до Втората светска војна, а Македонците обезимени и обезличени со јазик како што стои во Уставот.
Ќе им дозволиме ли на мрачните сили така лесно да не пренесат жедни преку вода? Што би било со Македонија и Македонците од славната Илинденска епопеја и Втората светска војна да чекаа некој друг да не ослободува со нож и јаже? Што би било нашите предци и славни македонски херои да лежеа дома дури денешните наши „пријатели“ ни ја газеа земјата, ни ги убиваа децата, се изживуваа над ранетите и мртви тела на нашите партизани и тврдеа дека се наши ослободители? Не би ја имале македонската држава која дозволивме, така лесно, еден болен безумник да ја распродава заедно со нас, како стока на пазар.
Ако можевме тогаш да се кренеме против Германците, Италијанците, Албанците и Бугарите и да ги истераме од Македонија, и тоа со сопствени сили, што не попречува денес? Колку сме толку сме и доста сме за уште еден храбар удар и да не дозволиме да ни ја кршат кичмата неколку велепредавници, изроди и туѓи шпијуни. Достоинството, честа и образот на еден народ и секој поединец се поважни од било која далечна иднина во друштво на група до крв завадени „демократи“ и „слободољубиви џелати“.
Деновиве, покрај многу други поранешни македонски фарисеи (лицемери и лажливци), ненадејно се појави во јавноста најголемиот виновник за денешната состојба во Македонија, поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, со порака до македонскиот народ. Повод за неговото јавување, наводно, беше контраверзното интервју на Зоран Заев за бугарската телевизија. Каква хипокризија од еден професор и поранешен највисок лидер во Република Македонија. Тој свесно знаејќи кој е Зоран Заев и кои се неговите намери, сепак му го врачи мандатот за премиерско место во Република Македонија.
Ево што ни соопштува господинот Иванов, после четири и повеќе години од устоличувањето на неговото „дете“ за премиер на Република Македонија:
„Како претседател на Република Македонија во двата мандата во многу мои обраќања кон македонската јавност јасно и директно кажав а сега повторувам: ‘Кога сте подготвени едно прашање да го решите по секоја цена, тогаш цената е највисока’. Цената на ваквото решавање на македонското прашање е правно и историско поништување на Македонскиот народ, бидејќи без македонски народ, македонски идентитет и македонски јазик, нема ниту македонско прашање. Со други зборови, прашањето за идентитетот ќе се реши со негово поништување. Со тоа, Република Македонија и македонскиот народ се втурнати во правна, политичка, историска бездна. Пандорината кутија е отворена. Сега, речиси секој си зема за право да го негира она што е наше стекнато право. И тоа, на повеќе нивоа и во повеќе наврати. Постојат прашања за кои не се преговара, стекнати права за кои не се разговара, црвени линии преку кои не се преминува.“
Браво и голема благодарност што не потсетивте дека требаме да бидеме мирни и самите да си го ставиме јажето околу вратот. Јажето, кое баш вие ни го подготвивте.
Значи ли тоа дека државотворноста на Албанците е правно и историски валидна и свршена работа? Преспанскиот Договор потпишан од неовластени луѓе и од вас, господине, премолчен и не потврден, ама и не прогласен за неуставен? Притоа насилно изнуден и извршен од еден министер, недопирлив и свршена работа? Потоа договорот со Бугарија за македонската историја, јазикот и таканаречената „вештачка“ творба на македонската нација и т.н. исто така свршена работа? А, пак двојазичноста и федерализацијата на Македонија потврдена со двојната Влада една полумакедонска, а другата цела Албанска?
Како ќе излеземе на крај со овие велепредавства во кои сте и вие до гуша вплетени, господине поранешен претседател на Република Македонија? Кој ќе го земе вашиот дел од вината за тоа што Зоран Заев константо парче по парче ја разградува и продава Македонија, а вие и сите други ваши поранешни соработници декларативно го осудувате, ама ништо конретно не покренавте? Освен со сегашните неплодни и веќе закаснети протести бесрамно седите пред портите на АГАТА и плачете за парче леб?
Што е со понудата на професорот Игор Јанев и други македонски правници, специјалисти и искусни во предмети од меѓународното право, кои беа подготвени да се впуштат во борба со неправдата, а од вас не добија одобрување ниту подршка? Дали верувате дека „волкот го изел магарето и нема што да се зборува за тоа?“
Историјата и за тоа ќе има свој конечен збор, а идниот правен поредок ќе ве награди со она што го заслуживте. Бидете убедени, дека и тоа ве чека, господине поранешен претседателе на Република Македонија!
За секогаш Ваш, Сотир!