Повторно да видиме, кои беа „бугарските фашистички окупатори“ во Македонија.
Преживеаните Илинденци и ополченци во 1941 год. со радост го дочекале доаѓањето на бугарската армија и активно учествувале во сите настани и чествувања во перидот 1941- 1944 год. Посебно е значајно чествувањето на 39-годишнината од Илинденското востание во Битола, каде што во периодот од 31 јули до 4 август 1942 год. се одржува и редовен конгрес на Илинденската организација.
За таа цел од старите предели на Бугарија пристигнуваат над 300 Илинденци, повеќето од кои се бегалци од Вардарска Македонија по време на србското робство (1918-1941 г.). Учесници на конгресот на Илинденците во Битола биле револуционери од Вардарска, Пиринска и Беломорска Македонија, меѓу кои поистакнати се:
1. Анастас Лозанчев, роден 1870 г. во Битола – член на Главниот штаб на Илинденското востание (заедно со Даме Груев и Борис Сарафов);
2. Георги Поп Христов, роден 1876 г. во с.Крстоар, Битолско – заменик на Даме Груев во Главниот штаб на Илиндеското востание, учествува во востанието во Леринско и Костурско. На шестиот конгрес на ВМРО во 1925 год. е избран за член на Централниот комитет, заедно со Иван Михајлов и Александар Протогеров. Од 1941 год. живее во Битола и организира чети за борба против комунистичките партизани.
3. Андон Кецкаров, роден 1865 г. во Охрид – охридски војвода по време на востанието;
4. Лазар Томов, роден 1878 г. во с.Годлево, Разложко – разложки војвода по време на Илинденското востание и претседател на Илинденската организација;
5. Крсто Лазаров, роден 1881 г. во с.Коњух, Кратовско – учесник во Илинденското востание во скопскиот реон, војвода на ВМРО во периодот на србското робство и водител на котрачета за борба со комунистите до 1944 год.;
6. Милан Ѓорлуков, роден 1884 г. во с. Кривогаштани, Прилепско – прилепски војвода на ВМОРО;
7. Величко Велјанов, роден 1874 г. во с.Црешево, Скопско – скопски војвода на ВМОРО;
8. Милан Матов, роден 1875 г. во Струга – учесник во Илинденското востание во струшкиот реон и битолски војвода на ВМОРО, брат на идеологот на ВМОРО – Христо Матов;
9. Лазар Киселинчев, роден 1874 г. во с.Косинец, Костурско – член на Костурското горско началство по време на Илинденското востание;
10. Георги Чуранов, роден 1860 г. во с.Смилево, Демир Хисарско – во неговата куќа се одржува Смилевскиот конгрес на ВМОРО, а тој е назначен за револуционен началник на Ѓавотколскиот реон по време на востанието;
11. Христо Шалдев, роден 1876 г. во Гумендже – се враќа од студии во Санкт Петербуг за да учествува во Илинденското востание и се бори во регионот на Скопје;
12. Лука Джеров, роден во 1869 г. во Битола – раководител на Кичевскиот револуцинерен комитет за време на Илинденското востание;
13. Свештеник Тома Николов, роден 1863 г. во с.Вранештица, Кичевско – комита во четите на Тома Давидов и Славејко Арсов, учесник на Смилевскиот конгрес во 1903 г.
14. Владимир Карамфилов, роден 1877 г. во Прилеп – учесник во подготовката на Илинденското востание като член на прилепскиот околиски комитет, бил дел од четата на Борис Сарафов;
15. Апостол Христов Фрчковски, роден 1877 г. во с.Галичник – за време на Илинденското востание е раководител на галичко-реканскиот револуционерен округ;
16. Христо Настев, роден 1876 г. во Штип – делегат на Смилевскиот конгрес, по време на Илиндеското востание се бори во Леринско, во четата на Георги Поп Христов;
17. Христо Танушев, роден 1877 г. во Крушево – војвода на Врховниот македоно-одрински комитет и учесник во Илинденското востание во Серскиот округ;
18. Димитар Спространов, роден 1882 г. во Охрид – по време на Илинденското востание е војвода во Кичевско;
19. Димитар Динев, роден 1880 г. во с.Бајалци, Гуменџиско – по време на Илинденското востание е комита во четата на Сава Михајлов и е ранет во борбите крај с.Клисура, Костурско;
20. Никола Велјанов Алтипармаков, роден 1867 г. во с.Доленци, Битолско – член на Врховниот македоно-одрински комитет (ВМОК), а потоа на битолскиот окружен комитет на ВМОРО;
21. Ташко Костов, роден 1879 г. во с.Горно Врбени (Екши-Су), Леринско – комита во четата на леринскиот војвода Пандил Шишков;
22. Коце Ципушев, роден 1877 г. во Радовиш – деец на ВМОРО, лежел неколку години во затвори во турско робство и 20 години во затвор под србско робство;
23. Свештеник Јордан Ангелов, роден 1874 г. во Прилеп – деец на ВМОРО во прилепскиот крај;
24. Кирил Христов Совичанов, роден 1878 г. во Битола – член на околискиот комитет на ВМОРО во Дедеагач, каде што бил учител. Претседател на Илинденската организација и уредник на списание „Илустрација Илинден“;
25. Александар Развигоров, роден 1874 г. во Штип – раководител на кочанскиот околиски комитет на ВМОРО од 1898 г.;
26. Илија Христофоров, роден 1879 г. во Радовиш – деец на ВМОК и ВМОРО.
Фотографиите се од чествувањето на годишнината од Илинденското востание во Битола, август 1942 год.



























































