Но нека не заборавяме и свещениците дали живота си за Христовата вера и своя род, нека почетеме и паметиме и мъчениците като Бигорския игумен Партений (р. Петър Георгиев от с. Бигор Доленци, Кичевско) и архиерейския наместник и зограф Овентий Исаев Фръчковски (р. Методи Фръчковски от Галичник), безмилостно убити през есента на 1918 г. от обладаните от гявола сръбски окупаторски власти. Дано никога не се повтаря! Вечна им памят на Партений Георгиев Бигорски и Овентий Фръчковски. Вечна им памят и Бог да прости всички бигорски монаси, които днес са в Царството Небесно.
Нека манастирът „Св. Йоан Бигор“ да продължава да осветява патот ни!
Бранко Ѓорѓевски от Скопие, Вардарска Македония – „Како се воспоставувала српската црковна власт во Македониja по Балканските војни: Свештеници распнувани на крст оти не сакале да го споменуваат српскиот патриjарх“, публикувано в religija.mk, Скопје, 2016 година
„…Монасите на Бигорскиот манастир успеале да ја разоткрија вистината, а минатата година и да ги пронајдат коските од свештеникот-маченик Овентиј Исаиев Фрчковски, свештеник од Галичник убиен од српската жандармерија во 1918 година…
Во меѓувреме, се пронајдоа и писмени сведоштва за ова големо политичко злосторство, извршено после воспоставувањето на српската окупаторска власт во Мијачијата. Имено, галичанецот Ристо Бужароски во своето дело „Галичка повест“ соопштува много детали за тоа како во 1918 г. биле убиени четворица галичани: свештеникот Овентиј Фрчковски, Русе Михајловски (Бајрамовски), Евгениј (Евге) Галев Ванкоски и Јаков (Наќе) Колоски…
За маченичката смрт на отец Овентиј Исаиев пишува и македонскиот просветен работник, фотограф и револуционер, деец на Македонската револуционерна организација прилепчанецот Георги Трајчев во својата „Книга за мијаците“, објавена во Софија 1941 година. Според неговото сведоштво, „после 25 септември 1918 првата работа на официјалните српски власти после новото заземање на областа (т.е. на Дебарскиот крај), била да ги колат, заплашуваат и убиваат поразбудените личности, особено духовенството“. Во тој погром настрадал и архиерејскиот намесник од Галичник, о. Овентиј, кој бил убиен кај карпа близу Бигорскиот манастир…
Сличен податок наоѓаме и кај современиот и познат бугарски историчар Христо Милков, кој води потекло од галичката фамилија Фрчковски, и кој кажува дека о. Овентиј бил убиен кај карпа во близина на Бигорски, поради тоа што не сакал да ја прифати српската црковна јерархија…
Најмалку пет други монаси и свештеници биле убиени во тој период…
Истражувањата што досега ги спровеле монасите од Бигорскиот манастир покажуваат дека овие монаси и свештеници отпорот кон новата српска власт почнале да даваат преку неспоменувањето на името на тогашниот српски епископ, а потоа и патријарх Варнава. Ова прво му се случило во 1912 година, веднаш по Првата балканска војна на тогашниот игумен на Бигорскиот манастир јеромонахот Партениј.
Откако тој дал таква наредба на монасите во монастирот, следела и одмазда на власта. Српски офицери заедно со еден полициски службеник го прогониле игуменот Партениј од манастирот. За тоа сведочи и записот на тогашниот дебарски митрополит Козма. Неколку години подоцна, во 1918 година, овој игумен бил ѕверски убиен откако, по нарачка на српските власти, една разбојничка банда го пресретнала на некој мост на река Радика. Разбојниците го исекле на парчиња и потоа го фрлиле во реката…
Герои и мъченици. Свети мъже. Заради вярата и и любовта, с които са станали жертва, го има небесното царство.