
На 18 ФЕВРУАРИ 1902 г. умира Кузман (Кузо) (Поп)Стефов, револуционер , деец и војвода на ВМОРО.
Кузо Стефов е роден во 1875 година во село Загоричани, Костурско (денес Василиада). Учи прво во родното село, после во Цариград. Во 1894 година е во Битолската бугарска класична гимназија. Го завршува образованието во 1898 година во Солунската бугарска машка гимназија каде се спријателува со Лазар Поптрајков, Лазар Москов и влегува во редовите на ВМОРО. Учителува во костурската паланка Хрупишта (денес Аргос Орестико) и истовремено се занимава и со револуционерна дејност, како агитатор. После апсењето на Лазар Поптрајков во 1899 година го води Костурскиот револуционерен реон заедно со Павел Христов и Михаил Николов. Кузо Стефов е осуден после Нурединовата афера во 1901 година, но успева да избега при префрлањето од Костур во Корча и станува нелегален.
Во почетокот на 1902 година Гоце Делчев го посетува Костурскиот реон и ги определува за раководители на реонот Кузо Стефов (во Пополе), Лазар Поптрајков, Лазар Москов, Пандо Кљашев и Михаил Николов, додека Васил Чекаларов се занимава со купување на оружје од Грција. Кузо Стефов, заедно со Пандо Кљашев, е определен да дејствува во Пополе и кон Хрупишта. Една вечер во Нестрам, додека Кузо Стефов организира местен комитет, предавникот Коте Христов од Руља и негови истомисленици прават неуспешен обид да го убијат војводата. На 24 февруари (12 по стар стил) 1902 г. крај село Шестеово четата на војводата е забележана и предадена од турски селани. Уште истата вечер дојдениот аскер ја опколува четата. Кузо Стефов е ранет, а четникот Малиот Наке убиен со првите истрели на турците. Смртно ранет Кузо Стефов се враќа кај својата вереница Василка Иванова и се самоубива. Учителката Василка исто се самоубива за да не биде плен. Останатите четници успеваат да избегаат под раководството на војводата Атанас Петров. Главите на Кузо Стефов и Малиот Наке са отсечени и два дена се изложени на конакот во Костур, а после се погребани во братската могила во Апоскеп.
Кузо Стефов е опеан во народна песна.