Zorancho Marinkov е в компанията на Tome Blazheski.
Панихида во Охрид, пред гробот на Кирил Пърличев, по повод 76-годишнината од неговата смрт.
Кирил Пърличев е роден во Охрид во 1875 год., каде што и умира на 9 февруари 1944 год. Тој е син на великиот возрожденец од Охрид, Григор Пърличев.
Кирил Пърличев учествува во Илинденското востание, член е на ЦК на ВМОРО, потоа член на ВМРО и е еден од основателите на Македонскиот научен институт во Софија. Во периодот од 1941 до 1944 година е директор на Историскиот музеј во Охрид.
Во продолжение се извадоци од говор на Кирил Пърличев, одржан во просториите на Слободниот универзитет во Софија, на 4 март 1928 год.
„Понатаму запирајќи се на положението во Македонија г.Пърличев рече: Македонија е денес земјата на варварско истребување на сѐ што е българско; таа е гробница на своите жители, кои што се убиваат од органите на една терористичка држава. Македонија денес е претворена во огромен затвор, во кој што гинат најдобрите ѝ синови….
После тоа г.Пърличев припомни што претставува Македонија на Свети Кирил и Методиј, на свети Климент Охридски, на Паисиј, на Миладиновци и т.н. опишувајќи ја накратко борбата на македонските българи за национални и културни права. Потоа тој помина на епохата на револуционерните борби, водени во името на лозунгите: „Македонија за македонците“, „Автономија за сите македонски населенија“.
И кога македонците водеа една епска борба за своето освобождение, каде беше Атина и каде Белград?
Нека се знае и помни тој историски срам: во текот на целото време, кога што македонецот ги рушеше основите на Османската империја, за да придобие човечки и политички правдини, тогаш Белград ги изпраќаше од север своите бандити, Атина од југ – своите андарти, ги праќаа да го ослабнуваат българскиот дух на македонецот, ги праќаа да вербуваат помеѓу пострадалото население адепти за своите респективни пропаганди, ги праќаа за да ги преобрнат македонците на срби и грци; ги праќаа за наместо да им подпомогнат в нерамните борби, да стануваат сојузници на турските потери и летечки одреди, кои што трагаа по македонските револуционери.“
Публикувано во вестник „Македония“, 6 март 1928 год.